Зеленски: Ги победивме Русите без оружје, се повеќе од нив бегаат назад во Русија | ВИДЕО
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и се обрати на нацијата преку Фејсбук.
„Ние сме народ кој за една недела ги урна непријателските планови. Плановите што се граделе со години се подли, пресметани, со омраза кон нашата земја, кон нашиот народ, кон секој народ кој има две работи: слобода и срце. Но, ние го запревме нивниот план“, рече тој.
„Нашата армија, нашата гранична полиција, нашата одбрана, дури и обичните земјоделци ја заробуваат руската армија секој ден. И сите велат само едно – не знаат зошто се тука“, додаде Зеленски.
„И покрај тоа што се десет пати повеќе, моралот на непријателот постојано се влошува, се повеќе окупатори бегаат назад во Русија. Од нас, од вас, од сите оние кои го тераат непријателот – копја, пушки, тенкови, авиони, хеликоптери, се што пука“, кажа украинскиот претседател.
„Го победивме непријателот без оружје. Искрено им се восхитувам на херојските цивили од Конотоп, Баштанка, Енергодар, Мелитопол и другите градови и села во Украина, кои не дозволуваат окупаторите да напредуваат. Цивилите им ги блокираат патиштата, излегуваат пред непријателските возила. Тоа е многу е опасно, но исто толку е екстремно храбро“, изјави Зеленски.
Ново на Сител
-
Втор „обид за убиство“ врз Трамп во рок од два месеца
-
Најмалку осум загинати во поплавите во Европа
-
Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281
-
Се чека одлука за есенска потрошувачка кошница со пониски цени
-
КИНСИВ во М-НАВ ќе го истражува безбедносниот настан на небото над Скопје од 7 септември
-
Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков на разговор во МНР
-
Деветте нови лекови на позитивната листа од денеска во аптеките
-
Делегација од германскиот Бундестаг во посета на Собранието