Зеленски до Трамп: Само сакам да знам што ќе биде со Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски пред утрешниот состанок во Вашингтон испрати порака до американскиот претседател Доналд Трамп.
– Само сакам да знам што ќе биде утре со нас, со нашата земја, со нашите семејства. Каде сте вие? Не ни требаат само договори за пари. Сега преживуваме, истакна Зеленски.
Тој исто така прашува „Дали Америка ќе престане со воената помош?“
Зеленски додава дека без американска воена помош Украина би можела да ја изгуби способноста да се брани од Русија.
– Сега не е прашање за замрзнување на судирот. Војната нема утре да заврши, бидејќи (рускиот претседател Владимир) Путин не е подготвен за тоа, посочи Зеленски.
САД и Украина утре треба да потпишат договор за експлоатација на украинските минерални ресурси, според кој приходите од минералите ќе бидат депонирани во заеднички американско-украински фонд. Зеленски за возврат бара американски безбедносни гаранции, кои Трамп досега не ги обезбедува.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
