Зеленски бара тројна средба по самитот Путин–Трамп на Алјаска
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој не присуствува на американско-рускиот самит во Алјаска, изјави дека очекува извештај од разузнавачките служби за содржината на разговорите.
„Денеска очекувам извештај од нашите разузнавачки служби за моменталните намери на руската страна и подготовките за средбата во Алјаска“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој истакна дека главната цел е разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп да го отворат патот за тројна средба, во која би учествувал и самиот тој.
„Време е да се стави крај на војната, а Русија мора да ги преземе соодветните чекори. Сметаме на Америка,“ нагласи Зеленски.
Путин и Трамп денеска треба да се сретнат во Анкорејџ за првпат по почетокот на инвазијата во февруари 2022 година. Се очекува фокусот да биде на можните патишта за постигнување примирје.
МИА
Ново на Сител
-
Кривична за 26-годишник од Скопје, кој на 16 август лажно пријави за подметната бомба во авион на скопскиот аеродром
-
Гутереш го повика Израел да го запре проектот за населување на Западниот Брег
-
Конференција „Иднината на лозарството: Иновации, стандарди и одржлив развој“
-
Ким ги поздрави севернокорејските команданти и војници кои се вратија од рускиот Курски регион
-
ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно
-
Апелациски суд во САД дозволи депортација на 60.000 имигранти од Хондурас, Никарагва и Непал
-
Џ. Д. Венс: Европа мора да го понесе лавовскиот дел од товарот за безбедноста во Украина
-
Поради пожар забрана за сообраќај на регионалниот пат Македонски Брод - Скопје