Зеленски: Балканските земји и Украина заеднички да произведуваат муниција
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешниот Самитот Украина – Југоисточна Европа во Тирана предложи дека треба да се формира посебен форум за одбранбената индустрија помеѓу Украина и земјите од Западен Балкан.
– Горди сме што во Украина работат околу 500 одбранбени компании, но тоа не е доволно за да се победи Путин.
Гледаме проблеми во снабдувањето со муниција и заинтересирани сме за заедничко производство на муниција со вас, посочи Зеленски, додавајќи дека треба да се испреплетат и зајакнат безбедносните напори на Украина и балканските земји.
Зеленски истакна и оти Украина и балканските земји заслужуваат да бидат дел од европската и евроатлантската заедница.
– Ние веруваме дека почитувањето на секоја нација и правото на безбедност треба да бидат универзални принципи. Тоа може да се постигне преку соработка.
Сметаме дека секоја земја во Европа која ги одржува принципите на европската заедница и сака да стане членка заслужува полноправно членство во ЕУ, потенцира Зеленски.
Тој му се заблагодари на албанскиот премиер Еди Рама за поддршката на Тирана за Киев. – Единствениот избор што го имаме е да се спротивставиме колективно.
Правиме сè што можеме за да не дозволиме агресијата да биде наградена. Не смееме да дозволиме Русија да победи. Нашиот заеднички сон за просперитетен мир ќе биде доведен на работ на темна иднина.
Оваа борба е и за нашата слобода и достоинство. Албанија направи што можеше и ќе продолжи да го прави тоа. Решени сме да останеме покрај Украина.
За малите народи како нас, кои не треба да се претворат во храна за Русија, треба да се поддржи Украина, наведе Рама.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија