Македонија
15. February 2023 - 16:48

Здружението „Цар Борис Трети“ побара промена на името

Здружението Цар Борис Трети поднесе барање за пререгистрација, но не и клубот Иван Михајлов  од каде најавуваат тужба. Утре истекува законскиот рок. Од централен регистар известуваат дека

на 10 февруари е доставен допис со барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“ Охрид  и постапката è во тек. За здружението „Иван Михајлов“ од Битола  досега не е поднесено барање.

Согласно законот доколку клубовите кои носат имиња поврзани со фашизам не го променат името, со правна процедура ке бидат избришани од регистарот. Имињата на клубовите не беа споменати ниту во соопштението кое МНР го испрати по денешната  сребата  која Османи ја одржа со преставниците на македонските Бугари .

-На средбата беше изразено задоволство од директниот пристап во размената на мислења, како и интенцијата за повторна средба и засилена динамика на комуникација, со цел подиректно вклучување на бугарската заедница и здруженијата кои нив ги претставуваат во рамките на редовната соработка на државата со граѓанскиот сектор, информираа од МНР.

Од средбата се задоволни и претставниците на бугарската заедница, очекуваат поинтензивна соработка.

„Побаравме од министерот и тој она што веќе го работи, и ние, да посредуваме да се смират тензиите затоа што во една експлозивна атмосфера , е невозможно да се донесат квалитетни и рационални политички решенија. Мислам дека тоа е во интерес на граѓаните на

Трендафилов сепак истакна дека македонските Бугари не остапуваат од ставот дека се дискриминирани и покрај што ова се негира во Извештајот на Советот на Европа.