Здружение на земјоделска техника: Да се разгледа можноста за кооперативи
Здружението за земјоделска техника на Република Македонија апелира на почетокот на подготовките за есенската сеидба да се разгледа можноста за формирање кооперативи.
- Апелираме бидејќи почнува припремата, преработувачите да ја разгледаат можноста да се направат кооперативи за новата производствена сезона со земјоделските производители, при што од самиот почеток би имале финансиско учество како и друг вид на парична помош во целокупниот производствен процес со што би стекнале целосно право да ја диктираат откупната цена на пченицата, но и меѓудржавната спогодба со Србија за анализи, фитосанитарни и друго пропратни документи, за нивната висина, услови, при увоз на недостатокот на брашно и сточна храна, се наведува во денешното соопштение од Здружението.
Оттаму истакнуваат дека пченицата како стратешка култура, како и другата житарица заслужуваат поголемо внимание и јасно дефинирана концепција во планирањето на производствената технологија и пазарните услови во државата.
Ново на Сител
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци