Здружение „Безбедни патеки“: Србија има најголем број на загинати во несреќи во Европа

Со 78 загинати лица во сообраќајни несреќи на милион жители, Србија е на првото место во Европа, а само од почетокот на годината, 390 лица загинале во несреќи низ целата држава, предупреди денеска српското здружение на граѓани „Безбедни патеки“.
Во соопштение по повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи, што се одбележува секоја трета недела од ноември, здружението наведува дека од почетокот на годината, повеќе од 15.000 лица се повредени во несреќи на патишта низ Србија.
„Најчести причини за трагедии се несоодветна брзина, возење под дејство на алкохол, некористење безбедносни појаси и недоволна заштита на децата, пешаците, лицата со попреченост и велосипедистите. Сообраќајните несреќи не се случајност, туку резултат на системски неуспеси и неодговорност на институциите. Србија има стратегии и акциони планови, но не и нивно доследно спроведување“, оценува здружението.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Подобрување на епидемиолошката состојба во Гостивар, но водата и понатаму не е за пиење поради нова бактерија
-

Нема активни пожари во државата, ДЗС на готовс
-

Свеченост во Воената академија: Промовирани нови офицери на Армијата
-

Промовирана новата генерација полициски службеници
-

Охрид подготвен за бројните туристи, службите на терен
-

2 милиони долари за нов имплулс на ХС „Злетовица“
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
