„Здравство“: Ако треба да се оперирате на Ортопедија ќе почекате да дојде пролет 2019 година
Опеарциските сали на Ортопедија кои почнаа да се реновираат пред околу шест месеци, тешко дека ќе бидат во функција до пролет следната година. Оттука велат докторите, ние оперираме на Клиниката за хирургија. Но, за да влезат во операциска сала на Хирургија тие треба да почекаат да завршат со операции закажани од докторите на оваа Клиника, пренесува порталот Здравство.
Тоа, велат лекарите, дека се доаѓа кај нас на клиниката за хирургија, но најчесто тоа е втора или трета смена.
-Знаеме дека колегите од Ортопедија се соочуваат со проблем. Но, ние тука не можеме да помогнеме. Има многу опеарции кои и ние мора да ги извршиме, велат од Клиниката за хирургија.
Сепак, граѓаните кои имаат потреба од операции како на колено, колк се ставени во многу тешка ситуација.
-На пример можеме веднаш да оперираме некој со скршен колк но само ако има слободна операциска сала, ако не треба да бараат спас на некое друго место, велат од клиниката, пренесе Здравство.
Ново на Сител
-
Таравари: За неколку директори правиме евалуација,за тоа како водат, колку стручно и компетентно
-
Жителка од Велешта една година крадела струја во стан во Струга
-
Караванот „Зимска новогодишна бајка” на Државна лотарија шири магија низ Скопје
-
Утре ден на жалост во Загреб
-
Посебен режим на сообраќајот од утре до понеделник во Скопје
-
Нема кривично дело во дејствијата за кои се обвинува, смета одбраната на Артан Груби
-
Просечната нето плата во октомври 42 134 денари
-
Погодена македонската амбасада во рускиот ракетен напад врз Киев