Здравствената состојба на Вучиќ моментално е стабилна и задоволителна, тврди доктор Динчиќ
Началникот на управата за воено здравство, кардиологот Драган Динчиќ изјави дека здравствената состојба на српскиот претседател Александар Вучиќ моментално е стабилна и задоволителна, дека ќе ја напушти Воено-медицинската академија за еден час и дека не е реално да се врати на редовните активности во следните неколку дена.
Тој изјави дека за време на престојот во САД, претседателот Вучиќ почувствувал силна болка во градите што траела неколку секунди, и дека тоа не се согласувало со сведоштвото на другите кои биле во истата просторија со него.
– Испил дополнителна терапија и по 45 минути, кога го измерил крвниот притисок, тој бил 165 со 98, што значи дека пред терапијата, притисокот бил повисок. Лекарите од Америка направиле сè и тој решил да се врати во земјата и покрај противењето на лекарите – рече Динчиќ.
Според него, во 13 часот кога слетал во Белград, немал никакви тегоби.
Динчиќ рече дека во последните 10 години колку што го лекува Вучиќ во три наврати имал тегоби поради висок крвен притисок, но тие никогаш не биле како оваа последнава.
Ново на Сител
-
Алкараз го освои Мастерсот во Синсинати, Синер го предаде мечот поради болест
-
Макрон: Украина мора да има силна армија како гаранција за мирот
-
Зеленски: Безбедносните гаранции за Украина ќе бидат готови за десет дена
-
Фински претседател: За две недели постигнавме повеќе напредок кон мирот во Украина отколку за три и пол години
-
Трамп по телефонски разговор со Путин, најави тристрана средба со учество на Зеленски за решавање на конфликтот во Украина
-
Мерц: Средба меѓу Путин и Зеленски ќе има во следните две недели
-
Амбасадорот на ЕУ во Белград бара темелна истрага за евентуална прекумерна употреба на сила врз демонстрантите
-
Поради пожарот во „Јасен“, се уште затворен за сообраќај патот Македонски Брод - Скопје