Македонија
13. September 2022 - 12:44

Здравствена едукација за ромите во Битола

Мелиса Комина е Ромка од Битола чија идна определба е медицината. Таа заврши средмо медицинско училиште, а сега се запиша и на Високата медицинска школа во Битола. Токму своето знаење и желба да и помогне на ромската заедница, но и да биде пример, ќе го реализира како здравствен медијатор во Ромскиот здравствен образовен центар во Битола, прв во Македонија. Таа помина обука во Унгарија и е меѓу првите едуцирани ромски медијатори во Европа.

-Јас ќе посредувам меѓу ромската заедница и помеѓу болниците за да се подобри здравјето на Ромите бидејќи се маргинализирана група. Се определив за медицината бидејќи преку неа може да доприме до поголем број луѓе, а и на Ромите им треба таква помош, вели Мелиса Комина, здравствен медијатор..

Во подготовката на овој центар, направени се претходни истражувања кај ромското население кои покажале поразувачки податоци кога се работи за нивното здравје. Затоа ќе имаат голем број активности и едукација во соработка со здравствените установи, но и приватни ординации.

-Над 80% од населението не знаат дека ПАП тестот можат да го користат бесплатно, не знаат дека жените треба да одат барем еднаш на 6 месеци да ги проверат градите, ќе работиме вакцинирање со повозрасната група, активности кои сметаме дека се во интерес на подобрување на здравјето на Ромите, изјави Фатма Аземовска, Сумнал.

Проектот е финансиран од Европската комисија преку Еразмус + програмата, во партнерство со Општина Битола.