Македонија
7. September 2016 - 13:52

„Зборовите на Тито вредат исто колку еден обичен прдеж“- ескалира конфликтот меѓу СОРОС и коалициските партнери на Заев

 
Позициите на СOРОС на пратеничките листи на СДСМ предзвикаа вистинска полемика на социјалните мрежи. Високи позиции на кандидатските листи и сигурен влез во Собранието по изборите на 11 декември ќе имаат токму истакнати активисти на „Шарената револуција“ и тоа на сметка на кандидатите кои ќе ги предложат коалициските партнери на Социјалдемократите.
 
Според овие информации, на листата на СДСМ во првата изборна единица ќе се најде директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, во втората ќе се најде името на Павле Богоевски, во четвртата изборна единиција Марјан Забрчанец, во петата Симона Спировски, а во шестата единица Замир Мехмети.
 
Коментирајќи ги ваквите информации, лидерот на НСДП Тито Пековски во изјава за опозициските медиуми изрази надеж  „дека СДСМ ќе биде галантен на своја сметка, а не на сметка на некој друг“.
 
Петковски додаде дека доделувањето на висока партиска функција на радикалниот Мухамед Зекири може да доведе до одлив на гласови од Македонци на контото на коалицијата на СДСМ.
 
– Добро е што СДСМ размислува за градење на демократско општество, но не знам како тоа ќе функционира во услови на длабока етничка поделеност, која во изминатите години ја создадоа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Тоа е прашање на стратегија и тактика, не е исто некој да ја предводи листата, или пак да биде некое место подолу. Може да се случи да се изгубат повеќе македонски гласови, вели Петковски.
 
Ваквите ставови предизвикаа вистинска полемика на социјалните мрежи. Конфликтот ескалираше откако активистот на „шарените“, Замир Мехмети напиша дека  “зборовите на Тито денес вредат исто колку еден обичен прдеж“.
 
-Да не му помогнеше Тито на Грујо денес во Македонија многу работи ќе беа поинаку. Можеби Скопје 2014 немаше да биде… Толку за политичкиот ,, морал” на Тито. Затоа зборовите на Тито денес вредат исто колку еден обичен прдеж, напиша Мехмети.
 
На ваквиот став на Мехмети реагираше и главниот опозициски медиумски стратег Бранко Героски, кој запраша, „Замир, знаете точно што правите?“
 
Со коментар на социјалнте мрежи се јави и поранешната пратеничка на СДСМ и професорката Каролина Ристова Астеруд коментира дека не гледам проблем некои од Шарените од граѓанско-политички активизам да преминат во партиско-политички, ама, дали тоа активирање да биде баш преку ред и преку трупа.
 
„Не се паметни и креативни оние што не ја сконтале „финтата„ за инстант политичка кариера во врвот на политиката во македонски контекст. За да градиш врвна политичка кариера (т.е за да стигнеш до места пратенички/министерски и уште неколку други, сите знаеме што е хард-кор врвна политичка функција) на партиски листи всушност не ти треба години и години партиско членство. Не бе, седи си на страна, или, уште поубаво , биди си НВО, граѓански активист, поштена и ценета работа, па утре ете вака ќе те фалат и на тацна ќе ти нудат, море треба да те молат за на листа (?!), за тебе и само за тебе, оние првите само се таму за да трчаат за тебе, и, секако, нека си кршат главите, нека се тепаат кој/а заслужува да бидат на листите. Ти, Твоето Височество од Памет и Креативност, си над сето тоа, ти ќе добиеш на тацна! Па како, твојот ум и време се повредни од крв, нивните не се, па и така они не се паметните и креативните, зарем не? Патемно, изгледа некому не му е јасно, па да нагласам со три извичника (!!!) – тоа што некои го правеле и прават во Шарената револуција, некои по партиите, конкретно СДСМ, го правеле и се бореле макотрпно со години и години, ама изгледа оти се партијци некако не дава аура на слава, прегорност, храброст, партизанство, антиестаблисшмент, револуционерност, андерграунд,, ма борец за слобода и демократија, борец за човекови права, и што уште не што звучи „посекси„ од „партиски член/ка„ и „партиски активист/ка„ ?“, пишува Ристова-Астеруд.
 
Оние кои до сега за насилното однесување беа парично наградувани од Сорос,  сега и СДСМ ќе ги награди со функција. Поддржувачите на СДСМ деновиве постојано ја пласираат и поддржуваат оваа идеја преку социјалните мрежи. Едните си бараат позиција во замена за она што го сработија за Заев, други порачуваат нешто друго.
 
Новинарката Јорданка Ивановска напиша дека грaѓaнскиoт фрoнт требa дa биде кoректoр нa пoлитичките елити, не дел oд нив.
 
-И сегa, сo купувaњетo нa некoлку луѓе, дел oд oргaнизaцијaтa нa прoтестите прoтив Груевски, целaтa идејa е уништенa. А ништo не е зaвршенo. Ниеден прoцес нa СЈO не е пoчнaт, кaмoли зaвршен, ДПМНЕ уште се нa влaст. Кoј утре ќе излезе нa прoтести ? Десет души ?, напиша Ивановска. На темата со свои коментари се надоврзаа и активистот Љуби Бекири и опозициската новинарка Ида Протугер.