Зборник „Илинденски сведоштва“ во издание на Државниот архив
Државниот архив на Република Македонија го објави зборникот „Илинденските сведоштва“, книга 1, прв и втор дел, во редакција на Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски.
- Македонската историја сè уште располага со пишани и недоволно истражени извори кои говорат за судбината на македонскиот народ. Токму таков извор е збирката документи во Државниот архив на Република Македонија, дел од фондот 159 насловен како „Извршен совет на НРМ. Одбор за доделување илинденски пензии. Досиеја на признати илинденци (1946 – 1956)“. Овој историски фонд е обемен и создаден од државната власт од 1946 г. и нивата одлука за признавање и наградување на активностите на учесниците, мажи и жени, во националноослободителните движења од крајот на 19-тиот и почетокот на 20 век. Повикот и одлуката за познатиот „Закон за илинденски пензии“ ќе резултираат со доставување илјадници документи односно досиеја на илјадници граѓани од Македонија, меѓу кои најважни се сеќавањата на овие баратели за нивното учество во предилинденскиот, илинденскиот и постилинденскиот период, опфаќајќи го периодот и на на Балканските војни, Првата и Втората светска војна, информира Архивот за изданието.
ДАРМ наведува дека сеќавањата информираат многу детално за Македонската револуционерна организација, за нејзиното формирање, издигнување и одржување, за улогата што ќе ја има таа во животните стории на овие преживеани сведоци, одлични забележувачи на довербата и теророт во револуционерна Македонија, за воените подготовки и ставање крај на османлиска Македонија, за општествено-економскиот контекст на растот на организацијата, за начинот и патот на вооружувањето, за церемониите на заколнување на членството, за механизмот за одржување на таинственоста, покорноста и лојалноста, за дисциплината и солидарноста на движечката сила на Организацијата.
- Токму затоа Државниот архив на РМ одлучи да ги објави оригиналните документи со многубројните читливи и нечитливи ракописи, печати, штембили, отпечатоци и потписи со надеж дека ќе го разбуди интересот за повторното препрочитување, истражување, анализирање на меморијата на обичното граѓанство за тоа што направило во името на Организацијата и македонското револуционерно движење, соопшти Архивот.
Ново на Сител
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода