Збогум легендо! Почина познатиот кошаркарски тренер
Легендарниот кошаркарски тренер Ранко Жеравица почина утрово во Белград во 86. година.
Жеравица е роден на 17 ноември 1929 година во Драгутиново.
Со репрезентацијата на Југославија освои злато на Олимписките игри 1980 година и на Светското првенство во 1970 година, а сребро на Игрите во 1968 година, на светското првенство 1967 и Европските во 1969 и 1971 и брнзи на СП 1982.
Жеравица во кариерата беше тренер на Партизан, Барселона, Пула, Црвена звезда, Сарагоса, Десио, Наполи, Конзервас, Сплит, Јувеказерта. Тој тренерската кариера ја заврши 2003 година во Сарагоса.
Жеравица е примен во Куќата на Славните 2007 година.
Пред шест година Жеравица доживеа инфаркт, по што му се вградени три бајпаси, а во февруари година вграден му е и стент по повиот срцев удар, кој го доживеа во Сарагоса.
Ново на Сител
-
Голема акција на Финансиската полиција, се вршат претреси во Куманово, Липково и Желино
-
Реакции по скандалот на натпреварот Брегалница - Шкупи
-
Се поголем бројот на пловила
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница