-->
-->
Збогум ангелу: Погребан малиот борец, ќе заплачете кога ќе ги видите овие потресни сцени
-->
Малечкиот навивач на Сандерленд Бредли Лаури (6) е погребан денекса во местото Блекхол Колири на северот од Англија.
Десетина илјади луѓе дојдоа да го испратат детето кое ја загуби битката со опасната болест.
Повеќето кон вечното почивалиште го испрати во дресови на Сандерленд со бројот 6 (колку што имаше години) и името Бредли на грбот. Многумина дојдоа и во костими на суперјунаците на кои детето им се восхитувало - Бетмен, Супермен, Капетан Америка...
На Бредли му беше дијагностициран неуробластом, тумор кој ги напаѓа децата, уште кога имал година ипол. Првата битка со тешката болест ја доби, но не и другата.
Многу сегашни и поранешни играчи и тренери на Сандерленд дојдоа за последен пат да се поздрават со Бредли, а оваа трагедија посебно му падна тешко на англискиот фудбалски репрезентативец Џермејн Дефо, моментално играч на Борнмаут, кој изгради многу силна врска со Бредли.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предлог Ратификација на Договорот со Обединетото Кралство во матичната собраниска комисија и на пленарна седница
-
Анчелоти: Во мојата кариера сум тренирал 34 Бразилци, имав проблеми само со еден
-
ЕХФ покренува судски постапки против Алкалоид и АЕК
-
Јамал во Барселона до 2031 година
-
ЕК: ЕУ се приближува до климатската цел за 2030 година
-
Дводневен штрајк на таксистите во Атина
-
Зеленски во Берлин на средба со германскиот канцелар Мерц
-
Русија пресретнала над 100 украински дронови