Македонија
17. November 2016 - 17:52

Завшри електрификацијата на населбата Равна Река

Заврши електрификацијата на туристичката населба Равна Река кај Пехчево, проект на ЕВН вреден 600 илјади евра што треба да донесе развој на туризмот во населбата која е во непосредна близина на водопадите на изворите на Брегалница.

Како што истакна градоначалникот на Пехчево Игор Поповски на денешната прес-конференција, по поставување на секундарната мрежа во населбата, граѓаните ќе можат слободно да се приклучуваат на мрежата.

- Реализацијата на овој голем инфраструктурен проект ја зголемува атрактивноста на населбата што од друга страна, пак, носи голем број заинтересирани граѓани кои сакаат да купат плацеви во населбата, каде според новиот ДУП се предвидени околу 350 плацеви за викенд куќи, но и за хотели и ресторани, рече Поповски.

Тој додаде дека досега се продадени 30-ина плацеви и тоа на граѓани кои живеат во Скопје, Штип и другите градови од земјава.

- Овој интересе само ја потврдува нашата теза дека со стартешки развој на Пехчево, можеме да ја оствариме целта за Пехчево да стане сакана туристичка дестинација. Во таа смисла, подобрувањето на животот на сите наши граѓани со подобрувањето на инфраструкурата, развојот на индустријата, беше приматот на општина Пехчево во овие 3 години и седум месеци, во кои континуирано се уредува и разубавува и не постои место на територијата на општината, каде во изминативе години не се инвестирало, реконструирало или градело, истакна Поповски.

Поповски информираше дека изминативе 4 години во Пехчево се инвестирани 160 милиони денари во разни инфраструктурни проекти кои опфаќаат реконструкција, санација, одржување и изградба на улици во сите населени места во општината, нови линии за фекална канализација, изградба или реконструкција на водоводи, на плоштадот во Пехчево, изградба на спортски игралишта, и уредување на туристичките локалитети и паркови.

- Пехчво и пехчевци за многу скоро, ќе се радуваат на отпочнување со градба на капиталните инвестиции кои се од суштинско значење за функционирање на градот. Наскоро во Пехчево ќе започнеме со изградба и рехабилитација на улиците во градот во должина од три и пол километри. Тоа значи целосна изградба на 8 улици, а ќе изградиме и тротоари на нив. Овој проект треба да заврши во првата половина на 2017 година. Започнавме и со изградба на тротоари на една од најфренквентните улици во градот улицата „Јулија Веселинска“, а до крајот на декември ќе биде целосно изградена и старата училишна зграда за потребите на средното обрзование од дисперзираните паралелки при училиштето „Ацо Русковски“.

Тој истакна дека досега се реализирани над 70 проекти од различни сфери.

- Сите овие проекти се во дослух со граѓаните за кои тие се изјасниле дека им се приоритетни. Континуираното, посветено, чесно и транспарентно инвестирање во инфраструктурата, во капитални инвестиции и во општеството е нашиот начин на работа, кој не се менува од првиот ден на мандатот, па до денес. Ве уверувам дека во периодот што следува продолжуваме со уште посилно темпо да го градиме Пехчево и да го разубавуваме неговиот лик, бидејќи пехчевци и гостите тоа го заслужуваат. Во тој натпревар за Пехчево, нити јас, ниту еден од моите соработници, како и до сега, нема да се штеди и ќе го даде најдоброто од себе за најдоброто на нашата општина, порача Поповски.