Завршува изградбата на дуќаните на штипскиот Градски пазар
Завршува изградбата на 14 дуќани на Градскиот пазар во Штип. Раководителот на Градски пазар, Димче Колев денеска изјави дека во текот на овој месец ќе се објави огласот за закуп на дуќаните, а од страна на фирмите, но и производителите на млечни, земјоделски производи веќе има интерес за закуп.
- Во овие дуќани ќе има разновидна роба и тоа е целта на овие деловни простории да има поголем избор за понуда на производи, со тоа што граѓаните ќе имаат и поголем интерес да го посетуваат Градскиот пазар, вели Колев.
Тој најави дека за наредната година планирано е да се уреди и плато три на Градскиот пазар, каде се продаваат текстилни производи. На ова плато ќе бидат поставени дрвени куќички, кои ќе бидат отворени во текот на целата седмица, а не само во петок, кога е и пазарен ден во Штип.
Колев истакна дека ќе има корекција на ценовникот за изнајмување на тезгите, но оти оваа корекција не значи дека ќе биде зголемена закупнината, туку дека може и да биде намалена.
Градскиот пазар-Штип има и постојан видео надзор, а наскоро ќе биде поставена и слободна WI-FI мрежа.
Ново на Сител
-
Мицкоски за утрешната посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени
-
Поранешен началник на Одделение за лично обезбедување на министри лажирал работни часови на вработени
-
Трамп: Не знам дали Путин ќе дојде на преговорите во Турција
-
Кривична против кумановка која го терала своето дете да питачи
-
Малолетен пешак прегазен во Скопје
-
Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег
-
Турската полиција приведе 97 студенти кои протестираа против исламски проповедник
-
Папата Лав Четиринаесетти е подготвен да посредува меѓу завојуваните земји во светот