Македонија
26. April 2023 - 11:29

Завршни зборови за случајот „Тендери“

Во Основниот кривичен суд Скопје со давање завршни зборови од одбраната денеска продолжи судењето за случајот „Тендери“, против поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска.

Канческа Милевска е првообвинета во предметот „Тендери“ во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дека од проектот „Скопје 2014“.

Според обвинението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.