Завршни зборови на Обвинителството за „Таргет-Тврдина“
Во Кривичниот суд во Скопје обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов денеска ги даваат завршните зборови за случајот „Таргет и Тврдина“, кој се однесува на масовното незаконско прислушување во УБК.
Обвинителката Ристоска презентираше како се одвивале настаните за извлекување на материјалите кои се изнесени од МВР.
Таа меѓу другото, во завршните зборови ги потенцираше и тортурите на сведоците кога биле испрашувани во МВР, откако признале дека тие ги изнесувале материјалите.
-Ќе беше добро ова да беше сценарио за филм, но за жал ова е реалност, рече Ристоска, појаснувајќи како се одвивало прислушкувањето преку трите системи во МВР.
Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1 541 број или вкупно 5 827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.
Ново на Сител
-
Блумберг: Москва размислува за „воздушно примирје“ како опција
-
ОЈО бара притвор за дилер од Битола
-
ОН предупредува на „катастрофални последици“ ако Израел ја прошири воената операција во Газа
-
Во првата половина од годинава од земјава извезени стоки во вредност од 4,034 милијарди евра
-
ЕРТ: Граничниот премин Евзони за влез во Грција дневно го поминуваат околу 25.000 лица
-
Три лица приведени по претреси во Кочани и Штип - пронајдена е марихуана
-
Санкции за 161 возач во јули поради непрописно вградени фолии
-
Трамп верува дека Џеј Ди Венс ќе биде негов наследник