Завршна обука користење на платформата МВП
Во организација на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија и Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ денеска се одржа последната од осумте обуки за користење на мрежната платформа за следење и потврдување (МВП) на заштедите на енергија и намалување на емисиите на стакленички гасови преку планирање и спроведување на мерки за енергетска ефикасност.
Во првата фаза, оваа платформа овозможува внесување и преглед на информации поврзани со општинските иницијативи, во чии рамки беа опфатени 80 отсто од општините .
Целта на проектот е да се поддржат Министерството за економија и Агенцијата за енергетика во осовременување на методологојата за следење и потврдување на енергетските заштеди од спроведените мерки по методологиијата оодолу-нагоре.
Самир Менедов, национален координатор на Отворениот Регионален фонд за Југоисточна Европа за енергетска ефикасност истакна дека треба да се изработи Прирачник за обука за МВП методологија за претставници на општини, да се надградат локалните човечки капацитети преку обуки, и по обуките да се пружи целосна поддршка во спроведувањето на алатката, како и да се дадат совети за понатамошно развивање на Националниот акциски план за енергетска ефикасност 2019-2021.
– Имено, до 2030 година земјите-членки на ЕУ се обврзани да ја зголемат енергетската ефикасност од планираните 20 отсто до 2020 година, па нешто повеќе од 30 отсто до 2030 година. Општините преку секторот објекти, транспорт и осветлување, даваат свој придонес кон постигнување на целите, а внесот и систематизацијата на податоците од заштедите претставува клучна појдовна основа, рече Димитрова-Капац.
Ново на Сител
-
Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
-
ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани
-
Уапсен 37 годишен скопјанец, физички ја нападнал поранешната партнерка и нејзините три ќерки
-
Сакала да му раскине, но добила закани од дечкото дека ќе сподели интимно видео
-
Кривична против 32 годишен охриѓанец, за сторено кривично дело измама
-
Уапсен 39 годишник од кичевско, со 1,80 промили алкохол во крвта управувал со возило
-
Израелски авиони погодија зграда во предградие на Дамаск
-
Од следната недела пад на дневните температури за 7 до 10 степени