Завршија општите претреси на предлог-законите од 106. седница, гласањето ќе биде дополнително закажано

Собранието синоќа ги заврши општите претреси на предлог-законите за изменувања и дополнувања на законите за работно ангажирање лица, за Советот на јавни обвинители и за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и општите претреси на дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование и на дополнетиот предлог-закон за финансиски лизинг, со што е исцрпен дневниот ред на 106. седница.
Кога ќе се гласа за сите овие закони кои треба да се донесат по кратка постапка, пратениците ќе бидат дополнително известени.
Како што информира потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка, што беше последна точка од дневниот ред, е повлечен од предлагачите.
Бендевска по ова ја прекина 106. седница и рече дека за продолжението пратениците ќе бидат дополнително известени.
Воедно напомена и дека нема услови за најавеното продолжување на 108. седница поради одложување на Законодавно-правната комисија. И за продолжувањето на оваа седница, истакна Бендевска, пратениците ќе бидат дополнително известени.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
