Завршија ненадејните вежби на руската флота во Пацификот
Руската војска денеска соопшти дека ги завршила ненадејните вежби на својата флота во Пацификот, најавени минатата недела, а одржани во услови на зближување со Кина и тензии со Западот.
Министерството прецизира дека во тие седумдневни маневри учествувале повеќе од 25.000 војници, 89 авиони и хеликоптери, како и 167 бродови, вклучително и 12 подморници.
Според руското Министерство, флотата се обучувала за одбивање воздушни напади, откривање и уништување подморници и гаѓање со проектили, артилерија и торпеда.
Руските бомбардери вршеа летови во „централниот дел“ на Тихиот Океан, тренирајќи за напади на групи бродови.
Вежбите беа одржани за време на посетата на кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу на Русија. Кинескиот министер, кој беше примен од рускиот Владимир Путин минатата недела во Кремљ, ги пофали „многу силните“ врски меѓу Москва и Пекинг кои, како што рече, ги надминуваат воено-политичките сојузи од ерата на Студената војна“.
Ново на Сител
-
Македонец и двајца Срби мачени, убиени и спакувани во црни кеси во Боливија
-
69 лица повредени по жестоките судири на демонстрантите во Србија
-
Едно лице загина, шестмина се повредени при нагло слетување на воздухопловен балон во Холандија
-
Трамп ќе му понуди на Путин ретки минерали во замена за мир
-
Без струја дел од Карпош и Кисела Вода
-
Дел од Карпош без вода, намален притисок во Трнодол, Жданец и Нерези
-
Мицкоски на увид на градежни активности на автопатот Кичево - Охрид
-
Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје