Завршија активностите околу уредувањето на комплексот Пелинце
Просторот на меморијалниот комплекс Пелинце е хортикултурно уреден во пресрет на празникот Илинден.
Директорот на кумановското ЈП „Чистота и зеленило“ Сашо Петрушевски изјави дека се што е во нивна надлежност е уредено за пречек на гостите кои за Илинден се очекуваат од сите краеви на Македонија.
- Наши екипи изминативе денови интензивно работеа и на уредување на тревните површини околу локалитетот, хортикултурно е уреден просторот, воедно извршено е и кастрење на гранките на дрвјата. Се надеваме дека гостите ќе уживаат во манифестацијата, но и во прекрасната природа во Пелинце, рече Петрушевски.
Од претпријатието информираа дека ресторанот „Пелинце“ со кој стопанисува „Чистота и зеленило“, е подготвен за прием на утрешните гости по повод Илинден.
Поставени се дополнителен број контејнери за собирање смет. Од „Чистота и зеленило“ апелират до граѓаните да внимаваат на околината и совесно да се однесуваат.
Ресторанот „Пелинце“ и угостителскиот објект кај кејот на реката Кумановка почнаа со работа изминатите денови по пазуа од речиси година и половина, откако на почетокот на 2014 година, со одлука на Советот на Општината, „Чистота и зеленило“ го презеде менаџирањето со објектите од Јавното претпријатие „Куманово Паркинг“.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори