Заврши жетвата на оризот во кочанско

Со ожнејување на последните површини под ориз во атарот на село Соколарци, во општина Кочани и официјално заврши годинешната жетва на оризот. Од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство „Кочани“ истакнуваат дека временските услови биле поволни и им оделе во прилог на земјоделците за успешна жетвена активност.
- Вкупната жетвена површина под оризова арпа за производната 2017 година во кочанско изнесуваше 2.950 хектари, од кои 385 хектари посеани од страна на земјоделски препријатија, додека 2.565 хектари посеани од страна на индивидуални земјоделски производители. Притоа е остварено производство на оризова арпа од вкупно 12.691 тони од кои 1.790 тони остварија земјоделските препријатија, додека 10.901 тони се кај индивидуалните земјоделски производители, изјави Горан Миладинов, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кочани.
Остварениот просечен принос по хектар изнесува 4.302 килограми од кои 4.650 килограми кај земјоделските препријатија, додека 4.250 килограми е принос остварен кај индивидуалните земјоделски производители, истакнува Миладинов.
Заклучно со денес жетвата во кочанско е реализиорана 100 проценти. Што се однесува до откупот на арпата и белиот ориз засега во кочанскиот регион се уште не е започнат
Ново на Сител
-

Глутница кучиња во скопски Карпош: Граѓаните видно вознемирени - што ќе превземат властите?
-

Тема на денот со Никола Грпчевски, државен советник во Министерство за здравство
-

Унгарски 4 Ај Џи доби лиценца за трет мобилен оператор
-

18 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце во која загинаа 11 припадници на воздухопловниот винг
-

Екс директорот на Геријатрија идната недела ќе ја слушне пресудата за примање поткуп
-

Неизвесно е воведувањето на системот „Safe city“ од 1 февруари
-

Азир Алиу - законот за заштита од пушење не е ригорозен туку е европски
-

Уапсен напаѓачот на бугарската амбасада
