Заврши заложничката криза со египетскиот авион
Лицето, кое утрово киднапираше авион на египетската авиокомпанија „Иџиптер“, и се предаде на кипарската полиција.
Како што јави кипарската државна телевизија, киднаперот со кренати раце излегол од авионот и им се предал на полицајците распоредени околу леталото.
Според телевизијата, претходно од авионот излегле седум лица, за кои се претпоставува дека се преостанатите киднапирани патници и членови на екипажот на леталото.
По објавувањето на веста за предавањето на киднаперот, Министерството за надворешни работи на Кипар на својот официјален налог на Твитер објави дека заложничката криза „завршила“.
Египетскиот авион „Ербасот А320“, кој сообраќаше на релација Александрија-Каиро, беше киднапиран изутрината, по што киднаперот го принуди пилотот да слета на аеродромот во кипарскиот град Ларнака. Меѓу патниците во авионот, покрај Египќани, имаше и Израелци, Британци, Холанѓани и Американци.
Ново на Сител
-
Власти на Хамас: Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот
-
Телефонски разговор Зеленски-Трамп
-
Во Гостивар ограбени 18 кг злато вредно 2 милиона евра
-
Вработена во казино од прометот одзела 816.297 денари и ги искоцкала на апарати
-
Злато вредно 1.8 милион евра украдено во грабежот во Гостивар
-
Две малолетнички во Карпош тепале врсничка, настанот го снимале и го споделиле на социјални мрежи
-
Битолчанец продавал марихуана на затвореници од КПУ Затвор Битола
-
Екс американскиот амбасадор во Белград: Бомбардирањето на Србија беше грешка