Заврши со работа 44-то бугарско Народно собрание, новиот состав се бира на 4 април
Со свечена седница, што заврши со химните на Бугарија и на ЕУ, денеска во Софија со работа престана 44-от бугарски Парламент (Националното собрание). Во својот говор пред пратениците, претседателката на парламентот, Цвета Карајанчева, истакна дека секој од нив ќе носи различни спомени од работата на 44-то Национално собрание, како и нивната различна проценка за изминатите четири години, јави дописникот на МИА од Софија.
-Наскоро пратениците од 45-то Национално собрание ќе ги заземат своите места во оваа сала, некои од нив ќе имаат искуство, други ќе седат на пратеничките клупи за првпат, рече таа.
Карајанчева посака идните пратеници ветерани да ја научат лекцијата од грешките направени во минатото, а оние што за првпат ќе влезат во парламентот да не ги заборават ветувањата пред своите гласачи.
-Како претседател на 44-то бугарско Национално собрание, би сакал да ја истакнам длабоката благодарност што бугарските граѓани ја должат на илјадниците наши сонародници кои доброволно се пријавија за организирање на изборите, додаде Карајанчева.
„Секој глас се брои и ќе се брои”, додаде таа.
Претседателката Карајанчева им посака успех на сите учесници на изборите за 45-то Национално собрание.
Претставници на раководството на парламентарните групи, како и на независните пратеници, одржаа говори по повод крајот на мандатот на 44-то Национално собрание. По седницата, пратениците направија заедничка фотографија во пленарната сала на Бугарското национално собрание. Ова е прв бугарски Парламент од 2009 година, кој за првпат го издржува својот полн мандат,пред парламентарните избори закажани за 4 април.
Ново на Сител
-
Путин: Разгледуваме одговори доколку НАТО и дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел
-
Модриќ стана најстариот играч во историјата на Класико
-
Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините
-
Државата троши нешто повеќе од 1 500 денари по глава на жител за правосудството
-
Трипл-дабл на Леброн Џејмс во победата на Лејкерс над Сакраменто
-
Светска програма за храна: Во светот 733 милиони луѓе се соочуваат со глад
-
Флик издвои еден играч по победата над Реал
-
Колективна оставка од Комисијата за помилување