Заврши „Скопје Креатива 2015“

Под мотото „Скопје – мојот град!“ во текот на изминатите пет фестивалски денови на Скопје креатива, се одржаа изложби, презентации, предавања, работилници, панел дискусии поделени во категориите - моден, графички и индустриски дизајн, мултимедии и перформанси во јавен простор.
Како што информираат организаторите, креативниот сектор на интернет алатки го претставија два проекти од земјава. ФИНКИ, меѓудругото презентираа апликации за рано идентификување на опасност од природни непогоди, а Inteligent Network Solutions апликацијата Skopje 2 Go и за неговата функција за олеснетото функционирање во рамки на градот.
Голем интерес предизвикале работилниците и на странските гости. Од регионот гостуваа и организаторите на Тиранската недела на дизајнот, кои на учесниците им ги претставиле амбициозните дизајн проекти од престолнината на Албанија.
- Програмата на „Скопје Креатива 2015“ вклучуваше и работилници за развивање на креативноста кај дечињата. Од Полска гостуваше Јан Бајтлик - најперспективниот полски типограф и графички дизајнер и автор на типографски книги за деца, кој одржа работилница за деца кои цртаа постер за 8. Меѓународен конкурс за плакат на тема „Сите за луѓето со хендикеп“, соопштија организаторите.
Во текот на изминатите пет фестивалски вечери биле покажани и анимациите од реномираната полска школа за анимација и филмските остварувања на студенти од Факултетот на драмски уметности и мултимедијалните содржини продуцирани од ОХО.
Според организаторите, фестивалот ја оправда улогата на проект кој, како што велат, понуди поинаква скопска приказна, а воедно ги поддржува и промовира уметниците во и надвор од државата истовремено создавајќи основа за соработка помеѓу бизнис секторот и креативците.
Ново на Сител
-

Куманово: Тешко повреден малолетник во сообраќајка
-

ФЕД го назначија Пауел за привремен претседател се додека Ворш не положи заклетва
-

На досегашниот началник на белградската полиција му е одреден 30-дневен притвор
-

Хигиеничар во основно училиште во беровско село снимал ученици со мобилен телефон
-

Ѓорѓиевски: После 30 години решени имотно-правните односи, се довршува булеварот „Борис Трајковски“ кон Драчево, Зелениково, Студеничани...
-

Путин во официјална посета на Кина на 19 и 20 мај
-

Претседателот Абас во писмо до ОН бара повлекување на Израел од Газа и формирање палестинска држава
-

Кривична пријава за обид за разбојништво во Битола
