Заврши првата фаза од реновирањето на градинката „Сончоглед“
Во градинката „Сончоглед“ во Кисела вода заврши првата фаза од реновирањето на објектот. Од Општината информираат дека се финализирани градежните зафати кои опфатија промена на ламинатот на површина од 800 квадратни метри, внатрешно молерисување на објектот, отстранување на старата ламперија и поставување на гипс-картон со глетување на ѕидовите.
За реализацијата на овие реконструктивни зафати, Општина Кисела Вода вложи околу 900.000 денари. До крајот на 2017 година ќе тече и втората фаза која ќе овозможи санација на тоалетите, а веќе во третата фаза која е предвидено да се реализира во 2018 година, ќе се изврши реновирање на делот со јаслите, промена на прозорците и ламинатот.
Објектот на градинката “Сончоглед” згрижува 260 дечиња. Се наоѓа на улицата “Локов” во населбата Кисела Вода и е дел од ЈДГ “Весели Цветови”. Датира од 1975 година и во него досега немало некој покрупен реконструктивен зафат.
Ново на Сител
-
Калас: Подобро од кој било знаете дека патот до ЕУ не е лесен, но останете на него, Унијата е со вас
-
Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица за злоупотреба на службена положба
-
УК за радиотерапија и онкологија апелира за смиреност и доверба во персоналот
-
Мицкоски: Ние сме подготвени, Европа може да смета на нас, а сега е време и ние да почнеме да сметаме на Европа
-
Двајцата пациенти со мајмунски сипаници се од Скопје, не патувале надвор од државата, вели Андоновска
-
Во Појасот Газа пристигна уште помош, додека ОН предупредуваат на проблеми со дистрибуцијата
-
Русија три дена под масовен напад со дронови
-
Управувал возило со 2,1 промили алкохол во крвта - уапсен охриѓанец