Македонија
26. February 2021 - 15:49

Заврши протестот за случајот „Монструм“

Заврши протестот за случајот „Монструм“.

Демонстрантите во неколку наврати го нападнаа полицискиот коридор.

Полицијата ги растера демонстрантите со шок бомби, при што тие се повлекоа кон мостот на Бит Пазар.

Кратко по повлекувањето на демонстрантите се повлекоа и полицајците од пред ТЦ „Мавровка“.

Инаку, во протестот беа повредени тројца полицајци.