-->
-->
Заврши подготвителната фаза за регулација на речното корито на Каменичка река
-->

Со изградба на каскаден праг завршија подготвителните активности за проектот со кој ќе се регулира речното корито на Каменичка река. Според информациите на градоначалничката на Македонска Каменица Соња Стаменкова по завршувањето на активностите околу изградба на подземен и основен бетонски дел од каскадниот праг ќе се продолжи со уредување и заштита на зафатените постоечки водоводни линии.
- На тој дел од речното корито е планирана доизградба и на одводните канали од градската фекалната канализација кои до сега истекуваа во водите на Каменичка Река. Изведувач на активностите, кои опфаќаат изграба на регулационен дел во должина од 125 метри и каскаден праг на Каменичка Река е „Стоименов“од Кочани, а вредноста на проектот изнесува пет милиони и 632 илјади денари, информираше Стаменкова.
Доуредувањето на коритото на Каменичка река, како што додаваат од одделението за урбанизам во Македонска Каменица, со планираните активности ќе продолжи во претстојниот период.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
