Заврши овогодинешното редовно заседание на Генералното собрание на ОН
Во седиштето на Светската организација во Њујорк синоќа заврши годишната општа политичка дебата на Генералното собрание на ОН.
На последниот ден од заседанието зборуваа 11 говорници, меѓу кои и претседателот на 72-та сесија на Генералното собрание, Мирослав Лајчак, кој и објави крај на општата дебата.
Тој наведе дека во текот на изминатата недела од говорницата на Генералното собрание на ОН зборувале претставниците на 193 држави членки, како и на набљудувачите Ватикан, Палестина и Европската унија.
Лајчак посочи дека првпат по 11 година свои обраќања имла претставници на сите земји членки, како и на набљудувачите.
Тој нагласи дека изминатите денови биле тензични, но ги повика делегациите на земјите членки на ОН да бидат подготвени за засилена работа во текот на наредните месеци.
- Повеќето од нас, веројатно, заслужуваат одмор, но луѓето кои ги претставуваме имаат потреба од друго. За нив е потребно да се фокусираме и да почнеме со работа понапорно од кога било претходно, заклучи Лајчак.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња