Заврши откупот на тутунот, во тек се подготовките за новата реколта
Денеска официјално завршува откупот на тутунот. Се затвораат откупните пунктови на 9 фирми кои од тутунарите презедоа преку 25.000 тони тутун со просечна цена од 196,75 денари.
- Откупени се сите количества тутун, преку 25 000 тони. Иако еден од откупувачите, „Струмица табак“ беше избришан од регистерот зашто не набави средства за исплата на договорените 3.300 тони, сепак и тие количества се откупени. Тутунарите се задоволни зашто постигнаа одлична цена на ланскиот род кој беше квалитетен. Во текот на откупната кампања речиси и немаше оспорувања на процената на тутунот на вагите што значи и откупувачите покажаа високо ниво на реална проценка на тутунот, изјави Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија
Тој додаде дека во Македонија од тутунопроизводството живеат околу 30.000 семејства или околу 150.000 жители и тутунот останува стратегиска култура. Ориенталниот тутун кој го произведуваат македонските тутунари се бара на светските пазари, особено што земјите во окружувањето како Грција и Турција го намалија производството.
И од Прилепскиот тутунски комбинат се задоволни со откупот на договорениот род од кооперантите. Според Гоце Карапеески, раководител на откупот на тутунот, сега следува процесот на преработка на откупените количества.
- Според договорот со кооперантите презедовме преку 2.700 тони тутун и поради квалитетот на тутунот на тутунарите им се исплати и повисока откупна цена. На ниво на Комбинатот беше 198 денари за еден килограм. Сега се подготвуваме за преработка на откупените количества, но и за новата реколта тутун. Ќе почне производството на тутунов расад и обезбедивме семенски материјал и репроматеријали за кооперантите, вели Карапеески.
Паралелно со завршувањето на откупот на ланската реколта тутун, во подрачната единица на Министерството за земјоделсрво се одвива пријавувањето на новото тутунопроизводство и издавањето на таканаречените бели картони. Според Коста Дурланов, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство интересот за тутунопроизводство останува на ланското ниво.
- Издавањето на белите картони е до крајот на месецов. Останува интересот за тутунопроизводство. Досега се издадени на 9.000 бели картони и очекуваме да биде на ланското ниво и да се издадат преку 11.000 бели картони и тутунот годинава во Прилепско, Долненско и Кривогасштанско да се засади на 7 000 хектари, вели Дурланов.
Ново на Сител
-
Во Дебар приведено лице кое се заканувало на вработените во Општата болница
-
Приведен стружанец осомничен за измама
-
„Кликс“: Во тек е акција за приведување на министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ
-
Казахстан: Причините за падот на азербејџанскиот авион се уште не се познати
-
Лавров: Русија бара траен мировен договор што ќе ја гарантира нејзината безбедност
-
Леќа што сама му нанесува лек на окото
-
Дончиќ повторно се повреди
-
Приведен крадец во Карпош, одземеното вратено на сопственичката