Тенис
30. March 2018 - 10:15

Заврши настапот на Јотовски на фјучрс турнирите во Тунис

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го заврши настапот на фјучрсот во Хамамет, Тунис откако вчера загуби од третиот носител Мариано Кестелбиом од Аргентина со 2-0 во сетови. Аргентинецот двата сета ги доби со 6:2 и 6:1 во гемови за 80 минути, потоа нашиот тенисер го предаде мечот во двојки со Дује Кекез од Хрватска.
Јотовски на трите фјучрси што ги играше во Тунис освои два поена (едниот од актуелниот турнир), а притоа требаше да брани еден поен освоен ланската година во овој период. Тој во Тунис го одигра и првото финале (10 поени во двојки) оваа година во конкуренција на двојки на вториот од трите турнири.
Јотовски во 2018 година има освоено 11 поени (едно полуфинале во Тунис во јануари и четвртфинале во Хрватска). 
Нашиот тенисер од фјучрсот во Хрватска има и повреда на раката и најверојатно во следните неколку дена ќе има пауза од настапи и тренинзи.