Заврши лидерската средба во Собранието
Во Собранието заврши средбата на лидерите на најголемите парламентарни партии во земјата. Се очекува за исходот изјава да даде премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски.
На средбата присуствуваат премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски, лидертот на ДУИ Али Ахмети, на Алијансата на Албанците Арбен Таравари, лидерите од Европскиот сојуз за промена Изет Меџити, Билал Касами, Африм Гаши, на НСДП Горан Мисовски, на ДОМ Маја Морачанин, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, на Демократскиот сојуз Павле Трајанов... Присуствуваше и претседателот на Собранието Талат Џафери.
Првите луѓе на партиите се очекуваше да го договорат датумот за претседателските и парламентарните избори, а извесно е дека тие ќе се одржат во мај. Тие во јавните изјави веќе изразија согласност дека изборите би можеле да се одржат тогаш.
Пред почетокот на средбата во изјави за медиумите веќе познатите ставови ги презентираа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоцки и на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и Скендер Реџепи Зејд... Средбата ја напуштија Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши од Европско движење за промена.
Ново на Сител
-
Лажни дојави за бомби испразнија повеќе основни и средни училишта низ Македонија
-
Јавна расправа во собранието - како да се зголеми безбедноста во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет
-
Граѓаните и денеска ги бојкотираат големите маркети
-
Преглед на вестите од светот
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици