Заврши конкурсот за „Градски парк“, пристигнати 15 трудови
Заврши конкурсот за избор на идејно решение за повеќенаменска спортска сала „Градски Парк“, кој го распиша Oпштина Центар.
По барање на архитектите, рокот беше продолжен и конкурсот траеше 60 дена.
Како што информира Општина центар, пристигнати се 15 трудови, а жири комисијата во состав: професор од Архитектонски факултет, член на Асоцијацијата на архитекти и тројца вработени во Центар, деновиве ќе ги оценуваат трудовите и јавноста ќе биде транспарентно известена. По ова, Општина Центар ќе организира изложба на наградените.
Добитникот на првата награда за избрано наградно решение ќе добие 300.000 денари, второнаграденото дело 180.000 денари, а третонаградениот 120.000 денари.
Комисијата ќе ги цени трудовите според однапред утврдени критериуми: оригиналност, креативност, инвентивност, функционалност, естетика.
Општина Центар ќе гради повеќенаменска спортска сала со капацитет до 3000 седишта, што, како што истакнуваат, ќе ги задоволи меѓународните стандарди за современо спортување на европско и светско ниво.
Ова е трет проект од ваков тип со кој се бираат најдобрите трудови и се мотивираат архитектите. Досега транспарентно, на конкурс, се избрани најдобрите трудови за новото основно училиште во Капиштец и за објектот „Езерце“.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра