-->
-->
Заврши извозот на млад кромид од велешко Башино Село за Хрватска
-->

Попладнево од велешко Башино Село за Хрватска тргна последниот од седумте договорни шлепери со млад кромид. Извозот започна пред една недела, а завршува непосредно пред католичкиот Велигден кога и секоја година е главниот извоз на млад кромид.
Откупот со шлепери го вршат струмички компании, а во соработка со хрватски „Конзум“ кој потоа го пласира во градовите во Хрватска.
Откупот на млад кромид од велешко Башино Село за Хрватска по цена од 50 денари за килограм, а што иако е помала цена од ланската која изнесуваше 80 денари за килограм, сепак се задоволни, велат производителите од ова село.
Како што потенцира производителот Ѓоре Димов од Башино Село, благата зима и отсуството на дождови влијаело годинава да наберат помали количества млад кромид.
Башино Село со околу 200 куќи и околу илјада жители се занимава со производство на млад кромид. Кромидот порано се извезуваше и во Србија, Косово, Бугарија, Албанија,како и дел во Украина и Русија.
Очекуваат да падне цената по католичкиот Велигден, а до правозлавниот да го продадат своето целокупно производство од околу 400 тони.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
