Заврши дваесет и осмата Поетска ноќ во Велестово
Во охридско Велестово од 15-ти до 18-ти јули се одржа 28-та Поетска ноќ. Оваа година првата традиционална поетска ноќ беше посветена на творештвото на поетот Санде Стојчевски, а за неговото творештво беседеше проф. Д-р Зоран Анчевски. Беше отворена и ликовна изложба на академскиот сликар Стефан Хаџи Николов, а со мал музички концерт гостите ги почести младиот Петар Кочовски.
Втората ноќ беше посветена на ирската современа поезија. Во рамки на оваа Поетска ноќ во Велестово беше промовирано најновото издание на ПНВ Публикации, зборникот „Единаесет ирски поети“ избор од современата ирска поезија, во препев на Јулијана Величковска и Василка Пемова. Четворица од застапените единаесет ирски поети беа гости на манифестацијата, па присутните имаа можност да ја слушнат поезијата на Били Рамзел, Алва Ни Гиарвуи, Џери Марфи и Патрик Котер.
Во рамки на втората вечер беше промовирано уште едно независно издание, книгата „Сеќавања“ од Климе Дулески, книга приказни што на авторот му ги раскажувале неговите предци за Велестово.
Дваесет и осмата Поетска ноќ во Велестово заврши со поетско пладне во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид, а со свои песни се претставија гостите од Ирска и македонските поети: Лилјана Пандева, Иван Џепароски, Маја Мојсова, Марина Димовска, Зоран Јакимовски, Тоде Илиевски, Димитар Пандев, Снежана Стојчевска, Елизабета Краљевски, Зоран Анчевски, Смиле Наумоски, Стела Маја Босилковска, Пере Ристески и Јулијана Величковска.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова и Муцунски ја продолжуваат посетата на САД во Детроид на средба со дијаспората
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и врски
-
Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ И Мицкоски имаат најголема доверба кај граѓаните
-
За Мицкоски СДСМ одработува за туѓа агенда, за Филипче предлог резолуцијата е најпатриотскиот документ
-
Нови казни, стари навики
-
Што ќе покаже стручниот надзор за седумгодишното дете кое почина во тетовската болница?
-
Откриена спомен бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“
-
СДСМ: Спие ли мирно Панче Тошковски за случајот со Росица во Велес, оставка кога?