Заврши блокадата на откупниот пункт во Муртино, протестот на прозводителите на зелка продолжува
Производителите на пролетна зелка од Муртино утрово околу 8 часот ја прекинаа блокадата на откупниот пункт, но протестот продолжи во центарот на селото.
Незадоволните производители вчера со трактори го блокираа влезот на откупниот пункт и ноќта ја поминаа таму, не дозволувајќи ниту еден камион да излезе или да влезе за да товари зелка.
Причина за блокадата и протестот на проозводителите на зелка е намалената октупна цена, која на пунктот што го блокираа се откупуваше за 25 денари за килограм.
Производителте бараат откупната цена да изнесува 30 денари за килограм, барем до почетокот на Велигденските празници.
- Протестот го продолжуваме мирно на сред село и ќе чекаме да дојдат претставници на Министерството за земјоделство за да го слушнеме и нивниот став. Доколку се прифатат нашите барања тогаш протестот ќе го прекинеме, во спротивно ќе продолжиме, велат незадоволните земјоделци.
Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најавија дека денеска ќе се сретнат со земјоделците.
Ново на Сител
-
Роналдо му се заблагодари на Пиоли по заминувањето од Ал-Наср
-
Виолетовата медуза повторно присутна во делови на Грција
-
Трамп ја потврди посветеноста на колективната одбрана на НАТО и го поздрави растот на трошоците за одбрана
-
Измени на Законот за воздухопловство, предлог да се зголеми на шест години финансиската поддршка за нови авиолинии
-
Скопскиот Кривичен суд ќе го води судскиот процес за пожарот во кочански „Пулс “
-
Лион ќе се жали поради испаѓањето во Лига 2
-
Министерство за економија и труд: Да се применуваат мерките за заштита на работниците од горештините
-
Видеоиграта „Death Stranding 2“ достапна за обожавателите