Балкан
19. February 2019 - 13:43

Завршена обдукцијата на Јасмина Доминиќ која беше пронајдена во замрзнувач: На главата имала крв, а телото и било замрзнато во фетус позиција

Судската обдукција на Јасмина Доминиќ, пронајдена во замрзнувачот од семејната куќа во хрватски Паловац, е завршена денеска во Одделението за патологија на Жупаниската болница Чаковец по два ипол часа.

Да потсетиме, Јасмина Доминиќ исчезнала пред 19 година, а сомневањеата се дека нејзиното тело и после сите овие години било во замрзнувач и дека нејзината сестра Смиљана Срнец го извршила злосторството.

Голем проблем претставувал тоа што телото било потполно вкочането, свиткано во положба во која било замрзнато со години - со главата напред кај нозете. Еден од првите задачи на патологот да ја отстранат засушената крв која се наоѓа на главата, за да пронајдат евентуална рана, да го утврдат начинот на нејзиното настанување и дали била смртносна.

За тоа време, законскиот рок под кој Смиљана Срнец е на испитување пред државното обвинителство и истражен судија во Вараждин, полека се ближи кон крајот. Меѓутоа, обвинителството во Вараждин ќе ги почека наодите од обдукцијата.

Обвинителството се уште не ја испита Смиљана Срнец, а се очекува да го направи тоа денеска по наодот на обдукцијата.

Да потсетиме, медиумите во понеделникот неофицијално јавија дека Срнец во полицијата се признала.

Доброизвестен извор, рекол дека Смиљана Срнец убиството на сестрата не го признала на единственото официјално испитување досега направено, а на кое е испитана како осомничена, па затоа не може да се користи како доказ против неа.