Зависничка сум од секс, ја загубив работата и пријателите
Сами Волтон ја обиколувала земјата за интимни средби со стотици непознати мажи и жени, а својата зависност за секс ја призна преку „Сандеј пипл“.
Зависноста и се појавила пред десетина години откако се разделила со тогашното момче.
Во моментов Сами Волтон се надева дека ќе успее да ги надмине посебните состојби со помош на мажот до себе – 38-годишниот Џејмс Китс, а објаснува дека сексуалната зависност е многу сериозен проблем и се надева дека преку исповедта и за проблеми и сите ќе разберат тоа.
Сами раскажува за весникот дека повеќето мажи мислат дека сакаат жена која има потреба од многу секс, но всушност никој од нејзините пријатели не можел да го издржи темпото.
-Среќна сум со Џејмс, тој е многу силен и ме поддржува и не се обидува да ме суди за моите „лоши денови“, вели таа и додава дека не бара медицинска помош затоа што докторите не знаат низ што поминува.
Оваа зависност и се појавила кога имала 20 години, откако раскинала со тогашното момче, па почнала да патува низ земјата и да се среќава со мажи и жени за да си ги исполни сексуалните страсти.
-Тоа доведе до губење на контролата врз својот живот, како и подоцна на работното место, истакнува таа.
Во 2010 година, кога се разбудила на стотици километри од дома и сфатила дека има многу сериозен проблем, дошло до пресвртница во нејзиниот живот.
Ново на Сител
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид