Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција донела Наредба за спроведување на истражна постапка против еден затворски полицаец поради основано сомневање дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.
Како што информираат од Јавното обвинителство, во текот на вчерашниот ден при извршен претрес пред започнување на ноќна смена на работа, кај осомничениот била пронајдена наркотичната дрога, и тоа: растителна материја – марихуана во количина од 73 грама и бела прашкаста материја – кокаин во количина од 50 грама.
- Дрогата спакувана во форма и големина на две тениски топчиња, осомничениот ја држел кај себе, скриена во долен веш, а со цел истата да ја продаде на осудени лица во КПУ – КПД Идризово. Согледувајќи ги околностите што укажуваат на опасност од бегство доколку осомничениот се брани од слобода, како и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци како и дека реално постојат и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, предметниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор за осомничениот, соопштуваат од ЈОРСМ.
Од Јавното обвинителство посочуват дека ова е трет случај во кој затворски полицаец е фатен во сторување на ова кривично дело.
- Во двата случаи станува збор за еден затворски полицаец од КПУ Затвор-Скопје правосилно осуден на казна затвор од 3 години кој беше фатен со 7,65 грама марихуана и 0,96 грама кокаин и затворски полицаец од КПУ-КПД Битола осуден на 6 месеци кај кого беа пронајдени 1,90 грама кокаин, а кој предмет е во жалбена постапка, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.
МИА
Ново на Сител
-
Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
-
Станав популарен на стари години | Трајче Толевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 107
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци