Затворениците во Романија порано ќе бидат ослободени ако немале хумани услови
Во Романија денеска стапи во сила законот, според кој затворениците кои ја издржувале казната во нехумани услови би можеле порано да бидат ослободени.
Романскиот претседател Клаус Јоханис, во текот на летниот период, го прифати законот кој предвидува намалување на казната за шест денови на секои 30 денови престој во затвор во несоодветни услови.
Опозицијата смета дека законот е „прикриена амнестија“, но од денеска тој стапи на сила.
Европскиот суд за човекови права претходно излезе со извештај, според кој условите во романските затвори ја нарушуваат европската конвенција за човекови права и им даде рок од шест месеци на романските власти да подготват план со мерки за подобрување на условите за живот на затворениците.
Затворите во Романија имаат дефицит од 8.500 места, имајќи ги предвид барањата на законодавството во областа на човекови права секој затвореник да располага со минимум четири метри квадратни површина.
Ново на Сител
-
Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест
-
Опожарено возило на новинарка од Охрид
-
Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите кои протестираат
-
Руските сили нападнаа воени аеродроми и магацини за оружје во Украина
-
Маж вооружен со нож се обиде да влезе во зграда на белгиската Влада
-
Приведено лице од Гостивар за издржување затворска казна
-
Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда
-
Во 2024 година најмногу пријави до АХВ за труење со храна и за производи со поминат рок