-->
-->
Затворени училиштата во Техеран поради загадување на воздухот
-->
Техеранските власти денеска ги затворија училиштата и градинките, поради високото ниво на загаденост на воздухот измерено во главниот град на Иран.
Густ смог вчера го прекри градот, блокирајќи го погледот од планините, кои се наоѓаат на неговите северни краеви и принудувајќи голем број од неговите 14 милиони жители да останат во домовите.
Нивото на отровни честички ПМ2.5 во воздухот денеска достигна 156, што е повеќе од три пати повисоко од она кое Светската здравствена организација го смета за безбедно.
- Градинките и основните училишта се затворени во понеделникот во Техеран и во повеќето градови на покраината, соопшти Министерството за образование.
Властите воведоа и сообраќајни ограничувања за автомобилите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника