Затворени училиштата во Лос Анџелес поради заканата од пожар
Канцеларијата за образование на округот Лос Анџелес денеска соопшти дека училиштата во 19 окрузи во тој дел на Калифорнија денеска се затворени поради ширење на шумски пожари.
На повеќе од 30,000 луѓе им е наредено да се евакуираат во Јужна Калифорнија откако избувна шумски пожар во населбата Пацифик Палисадес во близина на Лос Анџелес, кој досега остави една жена пожарникар тешко повредена, а неколку други со изгореници, објави Еј-Би-Си Њуз.
Најмалку 220,916 корисници се без струја во округот Лос Анџелес поради пожарот, кој проголта повеќе од 2,900 хектари земја.
Поради силните ветрови во Санта Ана, пожарот во Пацифик Палисадес наводно се шири со брзина од пет фудбалски игралишта во минута.
Резиденцијата на потпретседателката на САД, Камала Харис, се наоѓа во источниот дел на зоната за евакуација поради пожарот што избувна во Пацифик Палисадес, предградие на Лос Анџелес, објави денеска Ен-Би-Си Њуз.
Областа околу Лос Анџелес, каде живеат околу 30,000 луѓе, доби наредба да се евакуира откако пожарот избувна вчера во 10:30 часот по локално време во Пацифик Палисадес, и брзо се прошири поради силните ветрови од Санта Ана.
Противпожарната служба во Лос Анџелес соопшти дека една жена пожарникар е тешко повредена додека гасела пожар во Јужна Калифорнија.
Ново на Сител
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении