Затворени училишта и владини канцеларии во Иран поради песочна бура
Уште една песочна бура го погоди Техеран и затвори училишта и државни канцеларии, јавија денеска локални медиуми.
Се наведува дека квалитетот на воздухот е многу лош, има високо загадување од прашина. Станува збор за трета силна песочна бура што го погодува Иран од средината на април.
Минатата недела исто така се затворија училишта во Техеран и во други провинции поради слични песочни бури. За првпат денеска се затворени и канцеларии на Владата.
Техеран спаѓа меѓу најзагадените градови во светот. Во западниот дел на земјата, чести се затворањата на училишта и деловни згради поради песочни бури.
Десетици летови вчера беа откажани или одложени на аеродромите во западен Иран.
Кај соседот Ирак, поради песочни бури, најмалку осум од април, илјадници луѓе побараа помош во болници со тешки респираторни проблеми, а најмалку едно лице почина.
Во Сирија, најмалку три лица ги изгубија животите поради песочната бура.
Експертите сметаат дека лошите државни политики, опустинувањето, ниското ниво на вода, како и климатските промени, се одговорни за честите песочни бури во изминатиот период, како и нивниот интензитет.
Ново на Сител
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право
-
Приватните превозници нема да возат, бараат исплата на долг од над 2 милиони евра
-
Ни волшебно стапче нема да помогне за учениците во седмо одделение да имаат нови учебници