Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
Поради интервенции во механизмите на пумпата и системот за прилив-одлив на гориво, обезбедувајќи помала количина гориво од наведената, Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) на две години затвори пет бензински пумпи во Атина и Солун, јави дописничката на МИА од Атина.
Во средината на март грчката полиција разби две криминални групи во Солун и во Атина, кои на бензински пумпи инсталирале специјален софтвер со кој се точела помала количина на гориво, со што краделе бензин од граѓаните и дополнително го продавале, а уапсени беа над 55 лица.
Од ААДЕ денеска соопштија дека тимови на царински ревизори во соработка со Дирекцијата за борба против организиран криминал и Дирекцијата за криминални истраги, извршиле контроли на десет бензински пумпи, кои беа вклучени во конкретниот предмет, во пет биле откриени проблеми и интервенции во софтверот за точење гориво по што добиле двегодишна забрана за работа, додека пак за останатите пет биле побарани дополнителни информации, а ревизијата е во тек.
Паралелно додадоа дека прекршителите ќе бидат казнети, а Независната управа за јавни приходи на Грција ќе продолжи со интензивни проверки.
Ново на Сител
-
Нетанјаху вети дека ќе ги врати сите заложници од Појасот Газа
-
Паметен систем за енергетско управување во четири основни училишта во Скопје
-
Спречен нелегален влез на седум мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка | ФОТО
-
Гаши: Мнозинството останува стабилно, ќе работиме со полн капацитет
-
Приведен 49-годишник од Скопје, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога | ФОТО
-
ДЗР: За дигитализација на матичните книги 8,5 милиони евра, процесот сè уште незавршен, а дел од граѓаните добиваат изводи издадени на машина за пишување
-
Кривична пријава за лице од струшко за фалсификување исправа за транспорт на дрва
-
Кај 53 годишник во Батинци пронајдени 3 пиштоли и 643 куршуми | ФОТО