Затворена за сообраќај Скопската обиколница

Скопската обиколница од 7 часот изутрина е затворена за сообраќај, согласно воведениот времен режим поради снимањето на францускиот филм „A Fond“.
Сите возила се пренасочуваат кон влезот во Скопје.
Според Одобрението од Министерство за транспорт и врски од 3-ти овој месец и известувањето од „Мануфактура продукција“, времена измена на режимот на сообраќај на делница 3 Автопат 2, клучка „Хиподром“ - клучка „Сарај“ (Скопска обиколница) ќе има 16 дена од 7 до 19 часот.
Скопската обиколница ќе биде затворена од 7 до 11 септември, од 14 до 18 септември, од 21 до 25 септември, како и на 28 септември.
Според Автомотосојузот на Македонија, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Информацијата се однесува само за македонската страна на премините.
Ново на Сител
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
