Затворена за сообраќај делницата Куманово-Опае
На Регионалниот пат Р2133, делница Куманово – Опае, ќе се изведуваат асфалтерски работи, поради што сообраќајот ќе биде затворен од денеска до 31 јули (среда) во времетраење од 09:00 до 18:00 часот.
Патниот правец А3 Кочани – Делчево кај Истибања – брана Калиманци км. 259+300 е отворен за сообраќај по една коловозна лента.
Како што информираат денеска од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Голема полициска акција - Приведени 23 лица поврзани со криминали во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и Неготино
-
Мицкоски: Уште многу криминали ќе бидат обелоденети во следниот период
-
ВРЕДИ: Ахмети да признае дека згреши што го штитеше Груби
-
Центрите втор дом за лицата со попречености
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Јове Кекеновски
-
ДУИ останува пред Уставен
-
Путин му даде азил на Башар ал Асад и неговото семејство