Македонија
11. January 2016 - 16:47

Затворањето на „Југохром“ не го намали загадувањето во Тетово

Секојдневно од почетокот и на оваа нова година, тетовци се гушат во канцерогена прашина.
 
Концентрациите на пием 10 честичките и понатаму се многу високи, највисоки во споредба со другите градови. Иако се очекуваше да дојде до намалување на аерозагадувањето поради неработењето на печките во фабриката Југохром тоа не се случи. 
 
Од општината со нова најава дека ќе се решава проблемот со претоварната станица на комуналното претријатие што се користи за складирање на собраниот смет, а воедно претставува една од причините за загадувањето. 
 
Викендов се измерени среднодневни концентрации од околу 330 микрограми на метар кубен воздух или 6 и пол пати повеќе од дозволеното.
 
Во декември просечната концентрација на пием 10 честичките се движеше од 93 до 560 микрограми на метар кубен воздух, а истото се случува и во јануари.