Затруени над 60 средношколци во село во Голо Брдо
Најмалку 60 ученици од средното училиште во селото Шупензи во албанската област Голо Брдо, денеска се затруле со јаглерод диоксид.
Од вкупниот број затруени, 36 се хоспитазрани во болниците во Пешкопеја и Булќиза, додека тројца ученци, кои биле во потешка здравствена состојба, се транспортирани во Клиниката во Тирана.
Поради макадамскиот пат со кој областа е поврзана со Пешкопеја и Булќиза, во транспортот на учениците биле вклучени хеликоптери на Министерството за здравство на Албанија.
Станува збор за ученици на возраст од 16 до 18 години, кои имале симптоми на труење од чад, како што се болки во главата, повраќање и вртоглавица.
Учениците биле на настава кога бил ставен во функција новот котел од системот за парно греење на пелети, по што блокираниот оџак ги наполнил училниците со јаглерод диоксид.
Градоначалнкот на Булќиза, Мелаим Дамза изјави дека станува збор за несреќен случај, бидејќи претходното тестирање било извршено без присуство на ученици при што се било во ред.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии