Македонија
17. јуни 2019 - 16:34

Затекнати три малолетни лица во дискотека во Куманово

Кумановската полиција, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи затекнале три малолетни лица во дискотека во кумановско Проевце, соопшти денеска СВР Куманово. Надлежните од трите институции извршиле контрола на 16 јуни годинава од 00:30 до 03:30 часот.

 – Притоа, биле затекнати три малолетни лица за што бил изготвен записник за констатиран прекршок согласно одредбите од член 21 од Законот за прекршоците против јвниот ред и мир. Исто така, било затекнато и едно лице кое со себе не носело лична карта за идентификација за што ќе биде поведена соодветна прекршочна постпка, се наведува во соопштението на кумановската полиција.